Ислам Махачев (31), шампионот во УФЦ во лесна категорија, минатиот викенд го победи австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски, што беше негова прва одбрана на појасот. По мечот се појави контроверзија бидејќи познатиот новозеландски борец Ден Хукер го обвини Махачев за мамење. Хукер тврди дека Махачев ангажирал медицинска сестра која му дала инфузија за да му помогне побрзо да закрепне од слабеењето.
Јуџин Бареман, тренерот на Волкановски, го коментираше случајот за „MMA Hour“.
„Имаме донекаде веродостојни, но нецелосни информации. Работата е во тоа што борец може да земе инфузија пред борба, но само 100 милилитри на секои 12 часа. Прашањето е дали ќе верувате дека некој би ги земал тие 100 милилитри, а потоа целосно би престанал“, рекол Бареман.
„Факт е дека во рускиот тим имаше двајца борци. Не можеме со сигурност да кажеме кој борец ги прекршил правилата или дали надминале 100 милилитри. Ниту една информација не може да ни каже без сомнение дека некој од нивниот тим користел инфузија, што не е спротивно на правилата ако се користат до 100 милилитри. Но, треба да се запрашате зошто би го направиле тоа ако може да се користат само 100 милилитри на секои 12 часа“, додал тренерот на Волкановски.
Бареман се сомнева, но нема докази, дека Махачев или неговиот спаринг партнер Зубаир Тухугов на нечесен и неморален начин ја користеле инфузијата.
„Тоа беше Зубаир или Ислам. Нешто се случува таму. Сето тоа е фрустрирачко бидејќи спортот треба да се заснова на еднаквост. Повторно, не може со сигурност да се каже дека Ислам мамел“, вели Бареман.
Да потсетиме, твитерџија објави фотографија пред борбата меѓу двајцата, а на неа може да се види како Махачев има залечена рана на раката, токму на местото каде што е поставена канилата за примање на инфузијата. Споменатиот твитерџија го прашал Ризван Магомедов, менаџерот на дагестанскиот борец, на што Магомедов одговорил дека тоа е задолжителен тест на крвта нарачан од австралиската ММА комисија. Се се случило во средата пред мечот, а таа верзија на приказната може да ја потврди и медицинската сестра која ја споменува Хукер, порача Магомедов.
Фото: