Мајка го пријавила сопругот дека ја претепал малолетната ќерка

од Milan1
24 прегледи

27-годишна жена од Свети Николе, која живее во Скопје, вчера го пријавила сопругот дека ја натепал нивната малолетна ќерка со тврд предмет, како и дека бил агресивен кон сопругата, соопшти МВР.

„На 10.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Свети Николе, со престој во Скопје, пријавила дека истиот ден во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг С.Б. агресивно се однесувал кон неа, а на 08.02.2025 со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини