563
Полицијата и жители на Демир Капија веќе неколку дена трагаат по Илија Лазаревиќ (30) кој во петокот околу 15.45 часот заминал од својот дом и му се губи секаков траг. Неговата мајка Снежана во разговор за ,,Фокус” вели дека минува низ агонија. Никогаш во минатото не се случило да се соочат со сличен настан, син и бил скромен човек.
– Се вратив од работа во петокот, Илија се напи кафе, рече дека ќе излезе малку да прошета. Му реков дека наскоро ќе биде готов ручекот, ми кажа дека ќе руча кога ќе се врати. Од тогаш нема ников глас од моето дете – вели очајната мајка.