Мајката на напаѓачот во Загреб: Го молев докторот да не го пушта од психијатриска болница

од Milan1
47 прегледи

Младo момче (19) утрово упаднало во училиштето „Пречко“ во Загреб и ги нападнало децата и наставничката, при што едно дете починало.

Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози, изјави за „24сата.хр“ мајката на осомничениот за трагичниот напад во училиштето во Пречко.

– Ми кажаа дека напаѓачот е мојот син. Утрово татоко му го однесе во 9 часот во дневната болница, тој пак почна да оди во тие дневни болници. Неколку пати беше во психијатриска болница. Пред месец и половина ме заклучи мене и мајка ми во станот, ни ги зеде мобилните телефони и клучевите и пак заврши во „Јанкомир“. Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен за излегување“, изјавила таа.

– Докторот ладнокрвно го пушти да излезе за ние да се грижиме. Спиевме во страв, направивме се што можевме за да го спасиме тоа дете. Тој очигледно ја напуштил дневната болница и земал нож и го направил тоа што го направил. Не знам зошто го направи тоа, пред пет години учеше во тоа училиште. Не знам која е причината. Слушнав дека и самиот се избодел, додала таа.

Слични содржини