Мајката на познат фудбалер се јави: Мојот син со години злоставува жени

од Симе Стоиков
246 прегледи

Германскиот фудбалер Џером Боатенг со години малтретирал жени, тврди неговата мајка. Светскиот шампион со Германија во 2014 година пред неколку години беше осуден за насилство врз жена, со парична казна од 1,8 милиони евра.

Пресудата беше донесена само седум месеци откако Касија Ленхарт (25) изврши самоубиство, една недела по завршувањето на нејзината бурна двегодишна врска со Боатенг.

„Дер Шпигел“ сега ги објави зборовите на мајката на Боатенг, Мартина.

„Мојот син со години психички и физички малтретира жени. Сега Касија Ленхарт си го одзеде животот, а тој сè уште не се соочува со последиците за неговото однесување”, напишала неговата мајка во писмото до адвокатите во 2021 година.

Форензичката анализа и форензиката на телефонот покажаа дека Ленхарт претрпела злоупотреба пред да си го одземе животот.

Набрзо се огласија адвокатите на Боатенг кои негираа сè, вклучително и фактот дека Џером физички ја нападнал својата поранешна девојка.

Инаку, споменатата казна од 1,8 милиони евра, која требаше да и ја плати на поранешната сопруга, судот ја поништи, а ново судење беше закажано за 14 јуни во Минхен.

Инаку, Боатенг најголемиот успех го имаше со Баерн, а потоа играше за Лион. Во моментов е член на Салернитана.

Слични содржини