Мајкл Кејн најави крај на кариерата: „Имам 90 години, повеќе не можам нормално да одам“

од Vladimir Zorba
500 прегледи

Познатиот актер Мајкл Кејн (90) објави крај на својата голема кариера.

Во интервју за The Telegraph по повод почетокот на прикажувањето на неговиот нов филм „The Great Escaper“ тој зборуваше за својата кариера и изјави дека овој филм може да му биде последен.

Заплетот на филмот е заснован на вистинска приказна за ветеранот од Втората светска војна, Бернард Џордан, кој бега од својот дом за да присуствува на прославите на Денот Д во Франција.

Кејн истакна дека многу му се допаѓа овој филм како и ликот што го толкува.

Тој вели дека пред три години, на почетокот на Ковид, мислел дека завршил со снимање филмови, но тогаш се појавила можност да го глуми Бернард.

И покрај сите тешкотии, тие успеаја да снимат уште еден филм, но изгледа дека ќе му биде последен.

„Имам 90 години, повеќе не можам да одам нормално. Го имав животот за кој сонував. Најдобрата сопруга и семејство“, рече тој.

Колешка на Кејн во филмот е Гленда Џексон која почина пред три месеци, само неколку месеци по снимањето на филмот.

Слични содржини