Мајкл Кејн открива три тајни за долговечноста

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Деведесетгодишниот актер Мајкл Кејн глуми во новата драма „The Great Escaper“, за ветеран од Втората светска војна кој бега од старечки дом за да присуствува на комеморацијата на Денот Д во Франција.

Станува збор за вистинската приказна за Британецот Бернард Џордан, кој тајно го напуштил својот дом за стари лица во Англија за да им оддаде почит на своите другари кои загинале во Нормандија.

Кејн, кој моментално го промовира, како што вели, „можеби неговиот последен филм“, пред новинарите ги откри тајните на долговечноста.

„Се работи за помлади жени, исфрлање на ужината и носење патики“, рекол актерот, додавајќи дека луѓето треба да избегнуваат и физички повреди, пренесува Индипендент.

Инаку, Кејн е во брак со поранешната манекенка Шакира Кејн од 1973 година, која е 14 години помлада од нејзиниот сопруг.

Дополнително, актерот откри дека и самиот бил во војска и служел во Изерлон, Западна Германија по Втората светска војна, како и дека служел во Корејската војна.

„Мислам дека секој човек треба да се приклучи на армијата“, рече тој.

„Станав актер дури откако ја напуштив војската. Служев девет години, а потоа учествував во филм и реков: „За*би го ова! Повеќе сакам филмови!“ Ми се допаднаа парите и се“, призна актерот.

Слични содржини