Британскиот актер Сер Мајкл Кејн потврди дека се повлекува од актерството, по објавувањето на неговиот најнов филм „Големото бегство“.
Кејн и претходно зборуваше за своите намери да се пензионира, но вели дека често бил во искушение да се врати.
„Сфатив дека имав слика каде што ја играв главната улога и имав неверојатни критики… Што ќе направам за да го добијам ова повторно?“, рекол тој, пренесува Би-би-си.
„Единствените улоги што можам да ги добијам сега се 90-годишни мажи. Или можеби 85. Нема да бидат главни. Немате водечки машки ликови во 90-ти, имате млади згодни момци и девојки. Затоа мислам дека е редно време да се повлечам“, додал актерот.
Последниот филм што го снимил е „Големото бегство“ и вели дека три пати ја одбил улогата пред да ја прифати.
„Всушност, ми го испратија сценариото, го погледнав, а потоа направив нешто што никогаш порано не сум го направил. Избројав колку страници имам, споредено со бројот на страници во сценариото и имаше 15 страници дијалог во сценарио кое беше долго 99 страници. Па си помислив, мислам дека тоа се брои како мал дел. Така се пензионирав“, искрено рекол актерот.
Во ова остварување, тој глумел со сега покојната Гленда Џексон, а како што призна, не се согласуваал надвор од снимањето, поради нивните различни политички убедувања.
„Гласав за Тони Блер, бидејќи се уште сум работничка класа и мислев дека ќе направи нешто за работничката класа“, изјави британскиот актер.
На крајот откри и како се снаоѓа во староста.
„Сè уште ја грабам секоја секунда иако имам 90 години“, заклучил Кејн, пренесува гореспоменатиот медиум.