Мајкрософт ги заменува лозинките со биометриски податоци

од Vladimir Zorba
114 прегледи
Наскоро ќе можете да користите биометрика наместо лозинка за влез во некои услуги на Мајкрософт. Виндоус 10, ќе вклучува интеграција на скенер на ирисот или сензор за отпечатоци.microsoft-ces-booth
Податоците од биометриски сензори ќе се чуваат локално, што овозможува брза и безбедна идентификација. Мајкрософт работи на развој на втората верзија на системот за идентификација ФИДО (Fast Identification Online), која ќе вклучува како подобрувања на софтверот, така и модификации приспособени на дизајнот и функционалноста на производите на Мајкрософт.
Првата верзија на ФИДО беше пуштена официјално во јануари оваа година, но системот веќе наоѓа примена во потрошувачките производи. Пример се уредите понудени од Јубико за складирање на податоци и сигурен пристап до услугите на Гугл.