„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“, објави дека официјално ќе ја затвори комуникациската платформа на 5 мај по повеќе од две децении постоење.
„Скајп“ беше првата платформа што им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет од 2003 година и ги донесе фиксните и мобилните повици на интернет.
Како што изјави „Мајкрософт“, нивната цел е да ја поедностават понудата за корисниците и да се фокусираат на нивната „моќна бизнис платформа „Тимс“, кон која милиони преостанати корисници на „Скајп“ ќе бидат пренасочени во наредните денови, објавува „Индипендент“.
Во соопштението со кое се најавува крајот на „Скајп“, „Мајксрософт“, кој ја купи платформата во 2011 година за 8,5 милијарди долари, призна дека ова е чин на „исклучување на „Скајп“ од апаратот за одржување во живот, на кој, всушност, бил вклучен десет години“, пренесува „Танјуг“.
Едно од објаснувањата за падот на „Скајп“ е тоа што не беше прилагоден за паметни телефони и не можеше да се справи со конкуренцијата од апликации прилагодени за работа од дома како Зум.