Американската компанија “Мајкрософт” најави дека ќе им овозможи на своите европски клиенти да ги чуваат личните податоци на серверите во Европа, а не во САД, објави “Вол стрит џурнал”.
Целта е да се избегне следење од страна на американските специјални служби. “Корпорацијата Microsoft во средата изјави дека ќе им предложи на своите европски клиенти опција за чување на податоците во”облачни”сервери во Германија, како одговор на загриженоста за безбедноста во информатичката центри во САД, по извештаите за следење од страна на разузнавачките служби”, пишува весникот .
Изданието потсетува дека пред неколку недели Европскиот суд го оспори договорот меѓу САД и ЕУ, што дозволуваше личните податоци на Европејците да се пренесуваат на САД. Судот пресуди дека овој договор го крши правото на приватност. Германските власти информираа дека по одлуката на судот ќе престане преносот на личните податоци за Американците.