90
Во Мајкрософт се доволно паметни за да сфатат дека губат во битката со Андроид на пазарот за паметни телефони. Ова сепак од далеку не значи дека американската компанија е само набљудувач на случувањата во мобилниот свет, бидејќи всушност технолошкиот гигант изгледа е исклучително вешт во тоа да наоѓа начини да ги раздвои Гугл и Андроид.
Бизнис Инсајдер ги пренесува последните гласини за Самсунг Галакси Ес6 кои беа пуштени од СамМобајл, според кои мобилниот уред ќе има претходно инсталирани апликации на Мајкрософт, вклучувајќи УанНоут, УанДрајв, Офис Мобајл и Скајп. Така Галаси Ес6 ќе работи со Андроид, но и покрај тоа ќе нуди неколку алтернативи на апликации на Гугл.
Ова не е единствениот начин на кој Мајкрософт обидува да го одвои Гугл од оперативниот систем. Главниот извршен директор на Цијаноген, Курт МекМастер отворено изјави дека целта на неговата компанија е да ја одземе контролата на Гугл над Андроид. Изгледа тоа одговара на интересите на Мајкрософт, бидејќе компанијата планира да вложи десетици милиони долари во Цијаноген ОС.
Изгледа како од Мајкрософт цврсто да решиле дури и Андроид да е светски доминантната мобилна платформа, тогаш барем Гугл да има што е можно помала добивка од овој факт.
