Мајкрософт подготвува ривал на ајТјунс 

од Vladimir Zorba
157 прегледи
Мајкрософт работи на тоа да направи продавница за Виндоус 10 која би обезбедила пристап до апликациите за сите платформи, вклучувајќи и компјутери, телефони и таблети, но излезе дека компанијата гледа и надвор од софтверот кога во прашање е оперативниот систем.iTunes
Онлајн продавницата која е достапна во Виндоус 10 билд 9926 верзијата, неодамна е надградена со нова секција во која на корисниците им се дозволува да симнат ТВ серии и филмови. Во овој момент опцијата не функционира, но таа ќе биде овозможена во следните верзии.
Очигледно Мајкрософт сака од продавницата да направи единствена дестинација за оние кои сакаат свежа содржина за Вин 10, па покрај апликациите и игрите, филмовите и сериите се следниот логичен чекор во многуте подобрувања.
Имајќи во предвид дека истата продавница ќе биде достапна за разни уреди, и дека ќе обезбеди пристап до различни содржини, Мајкрософт сега размислува за креирање на сервис кој би потсетувал на ајТјунс продавницата и кој би нудел содржина слична на онаа која се нуди за уредите на ајОС.
Компанијата веќе ја изрази својата намера сите платформи да ги поврзе во Виндоус 10, па новата продавница ќе биде клучен дел од овој план, кој во потполно би се потпирал на универзалните апликации, способни да работат на компјутер, телефон, таблет или некој друг уред.