Мајкрософт работи на високобуџетни игри за ХолоЛенс

од Vladimir Zorba
95 прегледи
Тврдењето на Мајкрософт дека „ХолоЛенс не е првенствено наменет за осмислување на игри“ сепак не е во согласност со нивните планови.microsoft-holo-lens-3
Очигледно е дека компанијата од Редмонд гледа масовен гејминг потенцијал во неодамна презентираните очила за додадена реалност. Тоа не е чудно, бидејќи самиот концепт за претварање на работната соба во голема играчница, има потенцијал за низа жанрови, меѓу кои и хоророт и стратегиите.
Фил Спенсер, шеф на ИксБокс студијата на Мајкрософт, официјално потврди дека развивачите можат слободно да креираат игри за ХолоЛенс. Тој вели дека игрите едноставно ќе заблескаат на конзолата благодарејќи на исклучителната технологија, создавајќи целосно нови играчки искуства.
Спенсер потврди и дека најсилните студија на компанијата, како 343 Индустрис и Трн 10, работат на ААА наслови. Тоа е голем чекор напред од иницијално најавените независни проекти кои го видеа светлото на денот за време на ИД@ИксБокс кампањата, која од неодамна е проширена за да ги покрие и Виндоус 10, ХолоЛенс и Виндоус Фон.
Како и да е, самата идеја за ААА наслови е доволна да предизвика насмевка на лицата на љубителите на дигиталната забава.