Мајкрософт сo платформа за мобилно плаќање

од Vladimir Zorba
92 прегледи

„Мајкрософт“ во февруари годинава во 50 американски сојузни држави поднел барање за издавање на лиценца за вршење работи од платен промет, дознава „Арс Техника“.

Olimpicshop

Тоа значи дека откако „Мајкрософт“ ќе ја добие дозвола, компанијата на територијата на САД ќе може слободно да претстави нова услуга за мобилно плаќање. Новата платформа за мобилно плаќање од „Мајкрософт“ ќе биде конкуренција на постоечките платформи „Епл Пеј“ и „Гугл Волет“.

Новото име на услугата на „Мајкрософт“ се очекува да биде „Пејментс“, а ќе функционира со мобилни и таблет уреди, што ќе работат на Виндоус 10 оперативен систем.

Претходно компанијата најави дека Виндоус 10 на телефоните и таблет уредите ќе поддржува технологија „Хост Кард Емулејшн“, што овозможува мобилниот уред да ја емулира кредитната картичка на корисникот на безбеден начин и без поврзување со СИМ картичка.

„Мајкрософт“ единствено преку својот портпарол порача дека воведувањето на такви услуги ќе помогне на сите корисници со пружање на нови и иновативни услуги, но дека моментално немаат никаква најава за нови производи во таа област.