Мајкрософт Срфејс Про 4 во две варијанти

од Vladimir Zorba
85 прегледи
На Мајкрософт изгледа му оди добро со продажбата на таблетите од корпоративната линија Срфејс, инаку едвај оваа година би претставиле не еден, туку два нови модели. Извори велат дека Срфејс Про 4 ќе биде претставен не само во голема, но и во многу поголема верзија.large-hero-microsoft-surface-pro-3-product-photos
Основната верзија на уредот ќе добие екран, чии основни параметри се идентични со оние на актуелниот Срфејс Про 3 – 12 инчен со резолуција 2160×1440 пиксели. Дијагоналата на зголемената верзија на екранот сепак ќе биде 14 инчи, а резолуцијата ќе остане иста.
Внатре во таблетот се очекува да присуствува процесор на Интел од линијата Бродвел – произведен по 14-нм технологија, Кор М чип. Последните можат да се најдат и во Епл МекБук, бидејќи обезбедуваат ултра-ниска потрошувачка на електрична енергија и прифатливи перформанси. Друга предност на Интел Кор М – слабото загревање, што директно значи дека новиот Срфејс ќе биде лишен од кулери.
Прецизни информации за остатокот од конфигурацијата на таблетот недостасуваат, но поради активниот систем за ладење, внатре во куќиштето останува доста место. Така што во уредот може да се очекува поголем ССД и 8 или 16 ГБ РАМ меморија.
Се очекува дека Срфејс Про 4 ќе дебитираат на пазарот на крајот на вториот квартал на 2015 година, односно пред големиот Епл ајПад Про, кој исто така се очекува оваа година.