Мајкрософт влезе во светот на Андроид

од Vladimir Zorba
92 прегледи
Комбинацијата од Андроид и Мајкрософт е ретка појава. Светскиот мобилен конгрес сепак даде јасни сигнали за интеракција помеѓу двата света.Microsoft-Anti-Android-Twitter-Campaign-Stirs-Up-Windows-Criticism-2
Водечките производители покажаа мобилни уреди под управување на Андроид и со претходно инсталирани апликации од Мајкрософт. Несомнено, многу наскоро корисниците на најпопуларната мобилна платформа ќе можат да уживаат во познатите Виндоус програми.
Така на пример, новите смартфони Галакси Ес6 и Ес6 Еџ на Самсунг доаѓаат со апликации Скајп, УанНоут и УанДрајв.
Јапонската корпорација Сони оди уште подалеку. Нејзиниот нов таблет Експериа З4 ќе се испорачува со пакетот Офис за Андроид, кој излезе порано оваа година и ги вклучува апликациите Ворд, Ексел и Пауер Поинт.
Според аналитичарите, ова се само првите чекори од офанзивата на Мајкрософт во полето на Андроид. Корпорацијата од Редмонд има патент договор со Самсунг – најголем снабдувач на Андроид уреди, што укажува дека софтверот на Мајкрософт ќе биде инсталиран и на многу други смартфони со корејска марка.
Истото се очекува да го направат и останатите големи производители на Android уреди. Откако Сатја Надела го предводи Мајкрософт, компанијата дава јасни пораки до бизнисите и потрошувачите дека ќе ги промовира своите апликации на различни платформи.