„Мајкрософт“ започна истрага за ко-основачот Бил Гејтс и неговата интимна врска со вработена пред 20 години, соопшти денеска компанијата.
„Мајкрософт“ изрази загриженост на крајот на 2019 година поради обвинувањата кон Гејтс и неговиот обид да создаде романтична врска со една од вработените во текот на 2000 година, пренесува „Ројтерс“.
„Волстрит журнал“ објави во неделата дека управниот одбор на „Мајкрософт“ одлучил дека врската на Гејтс со вработената жена е несоодветна и дека треба да се повлече поради тоа, пренесува „Танјуг“.
Милијардерот, кој учествуваше во основањето на „Мајкрософт“ во 1975 година, беше извршен директор на таа компанија до 2020 година, кога беше објавено дека ќе се повлече од бордот на директори, со цел повеќе да се насочи кон филантропијата.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда на почетокот на месецот објавија дека се разведуваат по 27 години брак.