Американската пејачка Мајли Сајрус ги разгоре гласините за нова врска со ексцентричниот музичар Јангблад од Велика Британија.
Имено, Мајли беше фотографирана во многу блиско издание со млад музичар во еден ресторан во Лос Анџелес, каде беа придружувани од пријатели.
– Имаме нов пар на сцената? – прашуваат фановите по новите папарацо фотографии кои го обиколија светот.
Како што може да се види на фотографиите, Мајли не може да ги тргне очите, рацете и усните од Јангблад.
Двајцата најпрво седеле одделно, но кога вечерта се приближувала кон крајот, тие останале сами и многу интимни, а потоа рокерот нежно ја погали по лицето.
Јангблад ги потпираше стапалата на Мајли додека таа се играла со него, а мислењата на фановите се поделени.
– Веројатно не е со него? Ликот е одвратен! Е баш се пронајдоа еден со друг! Ваууу, воодушевен сум – ова се само некои од коментарите на социјалните мрежи.