Мајли Сајрус: Мајчинството никогаш не ме привлекувало, тоа не е моја страст

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Мајли Сајрус (32) отворено зборуваше за своите планови кога станува збор за децата, а нејзината изјава предизвика голем одѕив кај обожавателите. Пејачката ги сподели своите мисли за подеми и падови во нејзиниот личен живот и ги искажа своите ставови за родителството во подтастот The Interview на „Њујорк тајмс“.

Таа јасно стави до знаење дека во моментов нема планови за деца – и тоа од многу едноставна причина што наиде на разбирање и поддршка на социјалните мрежи. Зборувајќи за можноста да стане мајка, Мајли се присети на разговор со својот очув. „Тој ми рече: „Зошто си единствената што нема свој бренд за шминка?“ Јас реков: „Затоа што тоа не ме интересира.“ А тој рече: „Тоа е вистинскиот одговор.“

Мајли додаде дека мајчинството го гледа на сличен начин. „И тоа ми беше логично. Немам своја линија шминка бидејќи не сум шминкерка. Така се чувствувам во врска со мајчинството. Никогаш не ме привлекувало премногу. Тоа е многу одговорност, многу жртва и енергија. Ако тоа не е ваша страст, навистина не знам како би ги преживеале бессоните ноќи и 18-те години низ што помина мајка ми“, рече таа.

Нејзиниот одговор предизвика бран реакции на социјалните мрежи, при што многумина ги споделија своите мисли за нивната одлука да немаат деца. На Reddit, бројни корисници коментираа за интервјуто. „Ме воодушевува колку многу луѓе не се баш сигурни дали сакаат деца, но на крајот одлучуваат дека сакаат“, напиша еден корисник. „Јас дури и не би одела на одмор ако не бев 1000% возбудена, а луѓето создаваат човечки суштества бидејќи можеби со текот на времето ќе стане кул“, беше еден коментар.

Друг додаде: „Браво за неа. Мислам на тоа. Ако не го сакаш, тогаш немој. Нема срам во тоа. Не ги слушај оние што тврдат дека не можеш да бидеш среќен без деца и дека мора да „имаш што е можно повеќе“.“

Слични содржини