Работите во приватниот живот на Мајли Сајрус се развиваат повеќе од добро, откако нејзиниот однос со Лиам Хемсворт се продлабочи.
Сепак, проблеми има на професионален план. Според Ројтерс, против Мајли е поведено дело во вредност од 300 милиони долари. Тоа доаѓа од текстописецот Мајкл Меј, кој ја обвинува пејачката за плагијат.
Според него, нејзината песна „We Can`t Stop“ звучи слично на неговата песна „We Run Things“.
Меј смета дека 50% од песната на Мајли Сајрус е врз основа на неговиот реге хит од 1988 година.
Според Јамајканецот, текстот од неговата песна „We run things. Things no run we“ е испеана од Сајрус како „We run things. Things don’t run we“.