Мајли Сајрус: Не плачев премногу по разводот

од Vladimir Zorba
631 прегледи

Поп-sвездата Мајли Сајрус гостуваше во една скандинавска ТВ-емисија за да го промовира нејзиниот претстоен студиски албум. Пејачката, меѓу другото, зборуваше и за разводот од актерот Лиам Хемсворт, со кого беше во врска десет години.

„Искрено, не плачев премногу по разводот. Ако ги прашате момците со кои раскинав дали сум станала помалку чувствителна со текот на годините, тие ќе ви кажат дека сум, но јас мислам поинаку. Постои посебна стигма дека жените кои продолжуваат со животот се ладни, но тоа едноставно не е точно “, рече таа, додавајќи:

„Научив да продолжам понатаму, морав, затоа што зад мене се две трауматични години во кои го загубив домот во пожар во Малибу, а почина и баба ми, која ја сакав и со која бев бескрајно блиска. И тогаш дојде разводот … Сепак, солзите и онака не би смениле нешто – само затоа што не плачев не значи дека сум ладна или бегам од сопствените чувства“, рече Мајли, објави „Дејли мејл“.

Сајрус зборуваше и за инспирацијата за хит синглот „Полноќно небо“, наведувајќи дека еден дел од текстот е создаден откако таа се забавуваше во еден клуб во Лос Анџелес, пред пандемијата.

„Бев уништена од алкохол. Бев испотена и уништена. Се фотографираф по околу четири часа агресивно пијанчење. Подоцна, го искористив тоа како инспирација “, изјави поп-starвездата.

Споменатата песна е и хит сингл од нејзиниот претстоен студиски албум „Plastic Hearts“, кој ќе излезе на 27 ноември годинава.

Слични содржини