Мајли Сајрус не сака да го бакне Џастин Бибер, има причина

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Мајли Сајрус за време на гостувањето во радиото Heart Fm ја играше играта Would You Rather, и даде, како и секогаш, искрени и интересни одговори. Меѓу другото, таа откри дека не би го бакнала поп-пејачот Џастин Бибер.

Поп-sвездата мораше да избере помеѓу Хари Стајлс и Џастин Бибер. Иако на многумина овој избор им изгледа невозможен, таа лесно ја донесе одлуката.

„Хари“, одговори таа.

„Го познавам Џастин предолго, тој е како семејство сега, додека Хари Стајлс изгледа навистина добро“, рече таа.

Мајли додаде дека особено и се допаѓал Стајлс во мрежести чорапи, кои ги носел во едиторијалот за списанието „Beauty Papers“.

„Двајцата сме слични: се облекуваме слично, па затоа би било логично да живееме заедно“, рече таа со насмевка.

Тогаш водителот на радиото предложи: „Ако сакате да ве поврзам, јас сум прилично добар во тоа и го познавам Хари“, на што пејачката на шега одговори: „Секој би сакал да глуми стројник денес!“

Слични содржини