Гласините дека Мајли Сајрус и Лиам Хемвсорт си дале нова шанса, небаре се претвораат во самата вистина.074f94d29a7594505bb451a06e066b51

Фотографите  фатиле како Сајрус била до голем камион, паркиран пред куќата на Лиам Хемсворт.

Иако е во состојба да си дозволи цела армија од пренесувачи, пејачката се појави на вратата на актерот, подготвена да го крева тешкиот товар. Облечена со стар комбинезон и тексас јакна, пејачката ја собрала небрежно косата, а по нејзиното лице немаше шминка, пишува Daily Mail.

Лиам изгледаше помалку загрижен, бидејќи беше излегол од дома и не присуствуваше на големото пренесување на багажот.

Некогашните вљубени ги поминаа заедно и новогодишните празници во Австралија, а пејачката дури одби неколку важни ангажмани, можеби, за да ѝ даде шанса на љубовта.

Информациите дека нивната врска се оживеа, се потврдија во неделата – 17 јануари, кога пејачката била забележана со прстен на безимениот прст, налик на оној со кој 26-годишниот Австралиец ѝ беше предложил брак во 2012 година.

Двојката почна да излегува во 2009 година откако се сретнаа на сетот на “The Last Song”.Нивната врска траеше три години. Двајцата живееја заедно во Лос Анџелес, а по нивната разделба ги уверуваа сите дека останаа блиски пријатели.

Па, нивното пријателство може веќе повторно да е прераснато во љубов.

Слични содржини