442
Американската пејачка Мајли Сајрус научила една реченица на босански јазик за потребите на песна изведена на новогодишната ноќ, заедно со Пит Дејвидсон.
Мајли и Пит заедно направиле големо новогодишно шоу, а во еден момент извеле песна, на која тема биле новогодишните одлуки.
Во едно смешно видео, Пит поминува низ своите новогодишни одлуки и сфаќа дека нема смисла да креира список кога и онака нема да исполни ништо.
„Ќе научам нов јазик, тежок, да речеме босански, кој воопшто знае босански?“, прашал Пит, на што Мајли во видеото одговорила на босански јазик.
„Знам босански“, рекла пејачката.
Погледнете како тоа изгледало во видеото: