333
Сопственичката на хитот „Flowers“, Мајли Сајрус, повеќе не е русокоса, а доказ за тоа се сцените од новото издание на Daily Front Row Fashion Awards.
На ова доделување во Лос Анџелес, поп-ѕвездата му ја врачи наградата на својот стилист Бредли Кенет на сцената и дебитираше со ново-стар имиџ.
Ова е првпат по повеќе од десет години американската поп-ѕвезда повторно да стане темнокоса, бидејќи негува имиџ на русокоса од далечната 2012 година.