467
Мајли Сајрус е пуштена на домашно лекување откако неодамна ги оперирала гласните жици, дознава магазинот „Пипл“.
Проблемите со гласните жици биле откриени при друг лекарски преглед. Мајли одлучила да се оперира пред крајот на оваа година, за да може да има време за закрепнување и да почне со работа на самиот почеток на 2020-та.
Поради тоа, откажани се сите настапи и студиски снимања. Според истиот магазин, таа се чувствува добро и нема проблеми, ниту болки при закрепнувањето.
Пред околу три недели, Мајли најави дека ѝ е потребен одмор, но на гласот, а не на телото. Нејзиниот последен настап во живо бил при крајот на септември.