Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време.

Без разлика дали се работи за интеракција, едукација, транспорт или забава, дигиталните услуги, апликациите и платформите се дел од нашите животи.

Според најновата анкета на Visa „Нови дигитални навики”[1], четворица од десет Македонци наведуваат дека нивните навики станале подигитални или се претежно дигитални, како резултат на пандемијата (41 отсто и 38 отсто соодветно). Виртуелните услуги го сменија секој сегмент од нашите животи. За половина од испитаниците, приватното време е најдигиталниот аспект од нивниот живот. Една третина велат дека е работата, а за 15 отсто одговорот е забава, поради големото време поминато на останатите стриминг платформи, а само 5 отсто ја користат за здравје, што подразбира закажување вакцинации и лекарски прегледи, онлајн обуки или следење на здравјето преку апликација.

Слични содржини