Македонец остана без своето Ферари на Граничен премин Табановце

од Milan1
12,K прегледи

Вчера во 12:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(45) од Центар Жупа.

– Тој е приведен затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека идентификацискиот број на патничко возило „Ферари 488 Спајдер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, информираат од МВР.

Возилото било одземено, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини