Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград уапсија две лица осомничени дека украле 20.000 евра од лице на почетокот на ноември оваа година.
Се сомнева дека М.Д. (1971), државјанин на Македонија и М.А. (1971), бугарски државјанин му украле пари на оштетениот во ресторан во Нов Белград.
Поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба, осомничените се приведени во траење до 48 часа и ќе добијат кривична пријава.