Македонец спаси 15-годишно девојче на плажа во Албанија

од Берта Китинска
258 прегледи

Преку својот Фејсбук профил болничарот Јовица Ѓоргиев, вработен во Итната медицинска помош во Скопје, информираше за немилиот инцидент кој се случил на плажата во Саранда.

-Во бесознание и циенотични усни со добар пулс и она што ни е вродено на сите вработени во И.М.П.-СК, да дадеме прва помош на такво лице, пристапив по протоколите за давање прва помош на давеници што сме ги давале и со нашите обуки во Брза Помош го реанимирав, девојчето поврати вода и ја доби бојата на лицето како на здрав човек, пишува болничарот Јовица на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини