Македонија поразена од Холандија на СП во ракомет

од Milan1
18 прегледи

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во салата во хрватски Вараждин.

Еден од клучните показатели за поразот се 14 изгубени топки на македонските ракометари, кои се премногу кога играме со противник од таква класа како Холанѓаните.

Откако заминавме со три негатива на полувреме, во второто полувреме противникот го крена темпото, па во еден момент губевме и со пет разлика (21-16). Во последните минути стигнавме до минус два (34-32) но црвениот картон на Милан Лазаревски и седмерецот досуден за Холанѓаните стави крај на надежите барем за бод.

Кузмановски со девет и Серафимов со шест гола беа најефикасни кај македонски ракометари.

Кај репрезентацијата на Холандија Тен Велде реализираше единаесет погодоци, додека Ставаст заврши со пет.

„Црвено-жолтите“ остануваат на бодот освоен во првото коло против Унгарија, а во недела го играме последниот меч против Гвинеја во 18 часот. Потребна е победа за пласман во следната фаза од ракометниот Мундијал.

Со оваа победа Холандија се искачи на врвот на табелата со 4 бода, Унгарија 1, Македонија 1 и Гвинеја на последното четврто место со нула бодови.

Вечерва од 20:30 играат Гвинеја-Унгарија, за што и ќе биде појасен редоследот на табелата во оваа група.

Слични содржини