Македонија пред агрокатастрофа

од desk3
175 прегледи

 

Површините што ја ранат Македонија се под вода. Штетите веќе се огромни, а што ќе предизвикаат допрва ќе се утврдува. Се стравува од ценовен шок-анализира DW

Поплавите ги сотреа посевите. Под вода се илјадници обработливи земјоделски површини. Помалку или повеќе, нивите се поплавени речиси секаде. Кочанско поле, струмичко, кумановско, но најкритично е во Пелагонија, житницата која ја рани Македонија. На терен се води вистинска битка за да се спаси она што може. Се стравува од вистинска катастрофа. Ќе има ли доволно храна, се заканува ли ценовна експлозија, ќе мораме ли да увезуваме за да се прехраниме? Дилемите се огромни, неизвесноста исто така: „Ситуацијата е алармантна. Штетите може да се сумираат дури по повлекувањето на водата. Во моментов се поплавени околу 9 илјади хектари површини со пченица , јачмен, маслена репа. Најчувствителна е маслената репа која е најнеиздржлива под вода, но ако за десетина дена не се повлече водата кај пченицата ќе има катастрофални штети. Очигледно е дека сме соочени со големи последици. Поплавени се преку 60% од посеаните површини со есенски култури. Сигурно ќе имаме помал принос од очекувањата.

Непожнеана пченка од минатата година која заради влагата не се пожнее е целосно поплавена. Се работи за пет илјади тони пченка која сигурно ќе пропадне, чиста загуба од 50 милиони денари. И поради претходните поплави не можеше да се сее, парцелите кои се наменети за пролетните култури пченка сончоглед и слично ќе имаат проблеми со тоа што тешко ќе може да се сее. Се надеваме дека најлошото ќе не одмине, но да видиме. Преземаме активности на терен, ставаме ваме на располагање човечки фактори и механизација“, изјави за Дојче веле директорот на ЗИК Пелагонија Томе Давков.

Повеќе ТУКА