И оваа година Индексот на перцепција на корупцијата кој го објавува Транспаренси Интернешнл, покажува дека Македонија е далеку подминимумот од 50 поени кои се долната граница под која не може да се каже дека една земја има задоволителни активности насочени кон сузбивање на корупцијата. Во новиот извештај за Индексот на перцепцијата на корупцијата имаме 40 поени што е за два поена помалку од минатата година и бележиме пад од дури 12 позиции на табелата заземајќи ја 88-та позиција.
Според претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Благоја Пандовски, овие негативни резултати се последица на големиот број на скандали кои сеслучија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совети Академијата за судии и јавни обвинители. Како што вели, неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции,индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и 40-те препораки на оценската мисијана Европската Унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите кои го тресеа судството.
-Минатата година имавме и докажан случај на корупција од еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од Кавадаречкиот суд кој се слушнал со обвинет на кого му судел дури 97 пати за неколку дена и уште неколку случаи кои се само загребување на површината на судството во кое граѓаните немаат доверба. Слична е состојбата и во обвинителството кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата, а и самото беше предмет наскандали со докажан случај на корупција на еден поранешен член на советотна јавни обвинители, истакнува Пандовски.
Ваквата слика се потврди и со последниот Национален систем за интегритет кој ТИ-Македонија го објави во јануари 2024 година, каде обвинителството исудството беа ниско оценети во нивната улога во борбата против корупцијата.
-Првиот чекор од долгиот пат во борбата против корупцијата е нејзинатаказнивост и генералната превенција која казнивоста ја има во општеството. Се додека ова не се постигне не можеме да очекуваме позитивни резултатина индексот на перцепција на корупцијата, посочува Пандовски.
Од соседите, Албанија и Косово ја престигнаа Македонија во борбата против корупцијата. Албанија сега е на 80 место со 42 поени. Косово има 44 поени и се наоѓа на 73. место.
Црна Гора е најнапред од сите земји на Западен Балкан – 65 место во 46 поени. Србија се наоѓа на 105 место со 35 поени, а Босна и Херцеговина на 114 место со 33 поени.
Индексот на перцепција на корупцијата ги бодува и рангира земјите/териториите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени