Во текот на минатата година, извозот на пиперки на глобално ниво имаше вредност од 5,8 милијарди долари, што претставува зголемување од 4,5% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Македонија е 24-та земја во светот по извоз на пиперки, што ѝ донесе заработка од 17.164.000 долари или 40,4% повеќе во однос на 2018 година.
Во светот, најголем извозник на пиперки е Мексико со извоз во висина од 1,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на пиперки се и: Шпанија (1,3 милијарди долари), Холандија (1,1 милијарда долари), Канада (439 милиони долари) и САД (252,9 милиони долари).
Од регионот, во подобра извозна позиција од нас се Грција (25,9 милиони долари) и Словенија (20,4 милиони долари). Следни се: Албанија (9,1 милион долари), Бугарија (6,9 милиони долари), Србија (6,8 милиони долари), Босна и Херцеговина (еден милион долари) и Хрватска (858.000 долари).