Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на Криволак

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на денешната методско-показна вежба на армискиот полигон „Криволак“.

Како што информираа од Министерството за одбрана, припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група ќе реализираат вежба со боеви гаѓања – демонстрација на капацитетите и способностите.

– По реализација на вежбата ќе биде одржан и тактичко-технички збор, каде ќе биде претставена дел од новопримената опрема, како дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Слични содржини