Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ФИФА ранг-листа забележа пад.
Ова доаѓа по ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора, резултати поради кои Македонија загуби вкупно 7,98 поени и сега е сместена на 69. позиција на рангирањето, едно место полош во однос на претходниот поредок.
Веднаш зад нас се токму Црногорците кои нè победија во Анталија. На листата пред Македонија напредува селекцијата на Обединети Арапски Емирати која беше на нашата позиција на претходното рангирање.
Кога станува збор за најдобрите репрезентации на светот, немаше промени кај водечките, па така Аргентина е прва пред Франција.
Третото место од Англија сега го презедоа Белгијците, петти е Бразил, а Португалија напредува на шестото место на сметка на Холандија.