Македонски Концепт: Салиу да престане да се крие зад неговата етничка припадност и да се соочи со законот

од Nikola Popovski
744 прегледи

Партијата Македонски Концепт, во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во селото Средно Коњари, а поврзано со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, изразува огроман загриженост за начинот на кој се лажираат фактите во насока на, како што велат, „продолжување на неказнивоста на девијантното поведение на албанскиот шовинизам во земјава, особено застанување на македнски измаќарски партии како СДСМ и Левица зад тоа“.

-Фуркан Салиу да престане да се сокрива зад неговата етничка припадност и да се соочи со законот, како секој граѓанин на државава, затоа што Албанците не се и нема да бидат “надграѓани” во Република Македонија! Срамно е, со ставање на етнички карактер на настанот, да се создава нетрпеливост во јавноста и искривена слика на наводен “прогон врз новинарите” од страна на МВР, бараат од партијата на Петар Богојески.

Македонски Концепт најостро го осудува секој напад врз службено лице, истиот мора да биде санкциониран и порачуваат дека „не смее да биде прикриван или пак толериран под закрила на албанскиот етнички шовинизам“.

-Даваме полна поддршка на македонските институции да спроведат ред и закон во земјата и овозможат владеење на правото за сите подеднакво! Овие провокации на албански шовинисти во изборен процес се очекувани и истите нема да поминат! Промените доаѓаат и никој нема да ги сопре, најмалку луѓе со сомнително поведение!

Македонски Концепт на обидот на одредени партии и кандидати за претседател на Македонија, да го искористат овој сеуште нерасчистен инцидент, гледа како на недозволива манипулација и очајнички обид да се факторизираат во изборниот процес, соочени со реалноста дека драматично ги губат изборите!

Избрзаните прес-конференции на Дарко Каевски од СДСМ и изјавите на квази-политичари од типот на Димитар Апасиев од Левица не се базираат на факти и аргументи, туку имаат за цел да искористат настан, кој сеуште не е расчистен, за политички поени и создавање тензии помеѓу граѓаните. Тоа поведение е целосно неодговорно и неоправдано, истакнуваат од МК.

Од партијата додаваат дека застануваат во одбрана на македонската полиција.

-Тие се чувари на нашите права и слободи и како такви мора да бидат особено ценети и почитувани. За нас, правдата не разликува етникуми, не доделува привилегии и не толерира шовинизми од било каков тип! Правда за сите, во која се почитува презумција на невиност, но и одговорност доколку истото биде поткрепено со докази и факти од истрагата, без разлика за кој станува збор, стои во партиското соопштение.