Македонски концепт: Да се продолжи рокот за попишување на дијаспората и онлајн попис за населението во Македонија

од Берта Китинска
260 прегледи

Македонски концепт бара продолжување на рокот за попис на дијаспората поради настанатите технички проблеми на електронскиот систем за попишување, со што ќе им се даде можност на сите иселеници да се попишат.

Дополнително од Македонски концепт бараат Владата и Државниот завод за статистика да овозможат електронско попишување на населението во државата исто како и дијаспората. На овој начин ќе ги заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните и ќе се спречи дополнително ширење на вирусот Ковид-19.

Петар Богојески пак ги повика премиерот Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров да лобираат кај македонските иселеници за помасовно попишување.

“Ги повикувам Заев и Димитров да излезат од конформата зона и да тргнат по македонската дијаспора, масовно да се попише. Секако доколку им дозволат Артан Груби и Бујар Османи”, вели Богојески.

Слични содржини