Македонски концепт: Денес е денот на државноста, а државноста е сонцето на Слободата!

од Берта Китинска
351 прегледи

Радувај се народе. Ако се радуваш со насмевка, тогаш насмевни се најсилно на овој свет. Ако се радуваш со солзи, тогаш исплачи се најгласно што можеш. Ако се радуваш низ молитва, тогаш моли се најдлабоко што можеш. Зашто денес е Денот над деновите. Зашто денес не е мој, твој, негов, туку наш роденден, роденден на нашата Татковина. Честит роденден Македонија, да си ни жива, здрава и просперитетна уште милион години!, стои во честитката по повод денот на независноста од партијата Македонски концепт.

„Денес е Денот на независноста. Денот кога сонот стана јаве. Денот кога се докажа дека не биле залудно дадени животите на сите борци за Македонија.

Денес е денот на државноста, а државноста е сонцето на Слободата!

Да се живее слободен, значи да се има смисла на овој живот. Полната слобода, целосно успокојува!

Ние сеуште се бориме за таа полна слобода. Најголем предизвик во следните години и највисок патриотизам е да изградиме силни државни институции кои ќе донесат правда, подобро здравство и образование, подобар квалитет на живот на секого. Институции кои ќе овозможат да живееме во слобода, спокој и солидарнист. Институции кои целосно ќе не ослободат.Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Ден на независноста на Македонија!“, велат од Македонски концепт.

Слични содржини