Македонски концепт со особена радост и општо задоволство ја дочека информацијата дека конечно Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје подготвија меморандум насловен како „Македонски манифест“, потпишан од претседателот на МАНУ, акакдемик Љупчо Коцарев, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, соопштија од Македонски концепт.
-Тоа значи дека се создава база за промоција на македонска доктрина, која ќе биде темел за поткрепа на државноста на македонската Република, која нема да робува на стериотипите на минатото и на старата југословенска доктрина, која беше во насока на поткрепа на државноста на поранешната Федерација. Тоа е целосно компатибилно со политиките и заложбите, тоа е база на политичката платформа Македонски концепт, истакнати во нашиот “Граѓански манифест”, промовиран минатата година.Во тој контекст изразуваме целосна поддршка и подготвеност да помогнеме во имплементација на “Македонскиот манифест” на нашите врвни македонски институции, велат од паријата.