Македонски концепт: Обид на Мицкоски да го замолчи Богојески преку Иванка Василевска Додовска

од Берта Китинска
694 прегледи

Акцијата на Христијан Мицкоски и Каракачанов против Петар Богојески и Македонски концепт се со цел негово замолчување и укинување на платформата Македонски концепт засилено продолжува.

Иванка Додовска, силен поддржувач на политиките на Мицкоски ги користи добро познатите методи на замолчување често применувани од нејзината партија кон Петар Богојески од Македонски концепт.

Против Богојески ќе биде поднесена тужба за кревета за изнесените ставови на Богојески во дебатната емисија “24 Анализа” на Телевизија 24 доколку јавно не се извини за истото. Во исто време еден од гласноговорниците на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Перев ја води акцијата на Христијан Мицкоски против Богојески преку објавување невистини и нарачани текстови во бугарските медиуми.

За Богојески и Македонски концепт ова е класичен оркестриран напад и обид за замолчување и затскривање на вистината. Господинот Мицкоски нема тронка демократија и капацитет во него јавно да се соочи со неговите опоненти. Структурите на ДПМНЕ кои со години ја уништуваат Македонија, сега го напаѓаат Богојески.

Каква е оваа демократија во која живееме? Дали ова значи дека Мицкоски и од опозиција ги замолчува граѓаните? Што ќе се случи во земјата доколку тие истите еден ден дојдат на власт?

Доказ за обидот на Мицкоски да го замолчи Богојески е и скандалозниот текст објавен на интернет порталот Политика со наслов “СКАНДАЛ: Бугараши и удбаши (список од ВМРО ДПМНЕ) заедно против Македонски концепт!” кој излезе со списоци за соработката помеѓу Мицкоски и Каракачанов.

Македонски концепт ќе опстои и ќе ги издржи сите притисоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и Бугарија.

Богојески преку објава на неговата фан страна на Фејсбук порача дека останува на патот кој го започна со Македонски концепт и нема никој да ги поколеба во она за што се борат. Продолжува битката за Македонија.

“Нема потреба од сомнеж дека ќе истраеме и ќе се избориме за македонската вистина! Никогаш, ама никогаш нема да се повлечиме! МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО!”, напиша тој.

Слични содржини