Македонски концепт на сите граѓани на Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот и борбата за слобода.
„Македонија својата државност не ја доби на поклон од никого, туку изоде долг пат во вековната борба за слобода и независност. Овој празник има смисла доколку го прославуваме сите граѓани на Републиката, бидејќи сите етнички заедници учествуваа и застанаа на победничката страна во историјата, на страната на антифашистичката коалиција.
Токму таа генерација го оствари сонот на сите генерации пред нив, за формирање на македонска држава, која покасно ја добива својата полна самостојност и независност!
Денес, сите ние се стремиме кон полна слобода за Македонија, како вистински демократска и европска држава! Држава која ќе биде дом за секој граѓанин. За фер општество за сите. Само заедно можеме да го сочуваме аманетот од нашите предци, да си ја сочуваме државата, но и да создадеме подобра иднина за идните поколенија“, велат оттаму.