Откако беше разоткриена мрежата за објавување на лаги и целосни измислици, српскиот медиум kurir.rs сега почнува панично да смислува нови невистини. Курир.мк не бил и никогаш нема да биде дел од црната пропаганда на СДСМ/Сорос, која за пари објавува тотални измислици и ја манипулира јавноста.

Нерелевантниот српски медиум kurir.rs откако беше откриен дека по нарачка објавува невистинити текстови, кои потоа се преземаат од порталите на СДСМ/Сорос, сега почнува во паника да смислува нови лаги и измислици, кои веднаш се превземени и реобјавени од опозициските портали кое се под капата на СДСМ и соросовата фондација во земјава.
Кurir.rs денеска излезе со манипулативен текст со наслов дека „Лажен Курир ги замајува читателите во Македонија“ и притоа измислува некаква поврзаност на Курир со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Ова е само уште една од низата лаги и скапо платени нарачки кои ги лиферува српскиот портал, уште еден измислен текст платен од СДСМ/Сорос. Курир ниту имал, ниту пак има било каква поврзаност со Сашо Мијалков. Компанијата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА, ниту имала, ниту пак има било каква поврзаност со поранешниот шеф на УБК. Воедно, ги повикуваме колегите од српскиот портал, согласно новинарските принципи, барем еднаш да презентираат некаков доказ, односно да покажат некаков документ за поврзаност на Курир со Мијалков.
Курир ќе продолжи да ги демаскира лагите на продавачите на скапа магла и нема да дозволи СДСМ/Сорос преку платени измислени текстови во странски медиуми да го потценуваат македонскиот народ. Курир не бил и никогаш нема да биде дел од црната пропаганда на СДСМ/Сорос која за пари објавува тотални измислици и ја манипулира јавноста.
Курир е убедливо е најчитаниот и најрелевантен сајт во Република Македонија, за што потврдуваат релевантни анкети и истражувања на реномирани светски институции. Оттука, јасно е зошто продавачите на скапа магла се исплашени и панично продолжуваат со објава на нови невистини и измислици, македонскиот народ не можат да го мамат со провидни лаги и манипулации.
Редакција на Курир