Македонски манифест: Злосторничко здружување против Уставниот суд

од Vladimir Zorba
66 прегледи

140137

Здружението Македонски манифест реагира токму околу договорот за СЈО . Зарем некаде во светот претставници на партии и амбасадори смеат да се обврзат дека не само што нема да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, туку ќе донесат Закон со кој таа одлука ќе се поништи, реагира граѓанското здружение Македонски манифест по потпишувањето на согласноста на четирите партии за спроведување на обврските од Пржинскиот договор. За Македонски манифест , како што велат, секој нормален и здраворазумски македонец би се згрозил од можната дрскост на македонските и странските политичари кои скриени од јавоста и зад затворени врати, без мандат и дозвола од народот, можат да донесат одлука на Уставниот суд, на пример да ја поништи одлуката за промена на уставното име на Република Македонија и укинување на македонскиот идентитет. Македонскиот манифест предупредува дека вакво злосторство е сосема возможно во иднина