Македонскиот борач Ананиев освои бронза на Европското првенство во Грција

од Milan1
981 прегледи

Македонскиот борач Марио Ананиев, член на боречкиот клуб „Бучим“, освои бронзен медал на Европското првенство во слободен стил за помлади од 15 години кое се одржа во Грција. Ананиев до третото место на пиедесталот дојде по победата над Бугаринот Валентин Господинов со 7:0.

Ова е прв медал на Европско првенство за македонската репрезентација по 10 години, а младиот Ананиев се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми, во конкуренција на 225 натпреварувачи од цела Европа.

Слични содржини