Македонскиот народ не е проруски, тврди Мицкоски

од Nikola Popovski
271 прегледи

Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека ние како држава треба заедно со нашите сојузници да го гледаме нашиот интерес.

Мицкоски е дециден и вели дека македонскиот народ е промакедонски, а не проруски како што политичарите од власта го делат, укажувајќи дека него лично го интересираат македонските интереси и на македонската држава.

-Јас ги разбирам граѓаните кои што во револт на овие анационални политики кои што се револтирани поради сето она што се случуваше изминатите години, промена на име, насилна промена на власт, узурпирање на власт, многу криминал и корупција, нелегитимен премиер инсталиран, во знак на револт секогаш ќе бидат спротивни во тоа што овие нелегитимни и невлијателни политичари ги рефлектираат во јавноста. И затоа никако не можам да се сложам ниту пак можам да подржам една таква теза дека македонскиот народ бил проруски. Не, македонскиот народ е промакедонски, а тоа што овие политичари немаат ништо македонско во нив, тоа е друг проблем и тоа е суштината, потенцираше Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце зборувајќи за руско украинскиот конфликт.

Мицкоски додава дека го интересираат само интересите на македонскиот народ и држава.