Претседателот на Македонскиот полициски синдикат (МПС), Марјан Кицев денеска го потпишал Меморандумот за меѓусебна соработка со Претседателот на Воениот синдикат „Железен полк“ од Република Србија – СГП, Љубиша Милошевиќ.
Ова преставува почеток на официјална билатерална синдикална соработка помеѓу овие два синдикати кои ги преставуваат вработените во безбедносните органи на двете држави.
Очекувањата од оваа меѓусебна соработка взаемно се големи, особено поради фактот што членовите на двете синдикални организации ги мачат заеднички проблеми карактеристични за овој регион во кој делуваат овие два синдикати, велат од МПС.
– Со меморандумот се предвидуваат активностите на двете синдикални организации во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство, како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи, активности и планови, се додава во соопштението.