Македонските крапџии најуспешни на Крапското дружење „Палурци 2018“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

На акумулацијата Палурци кај Богданци денеска заврши Интернационалното крапско дружење „Палурци 2018“.

По 50 часови непрекиното ловење на крап, најуспешна е екипата на „Корморани 2“, составена од спортски риболовци од Струмица и Кочани со улов од 52 килограми. Второто место го освоија риболовците од екипата на „Цо2 Карп тим“ од Скопје со улов од 37 килограми, а третото место го освоија крапџиите од екипата на „КТ Бојла“ од Богданци, со 16 килограми.

На Крапското дружење „Палурци 2018“ учествуваа 21 екипи од Македонија, Грција, Бугарија и Србија.

Натпреварот успешно го организираше ЗСР „Костреш“ од Богданци, а признанијата на најуспешните им ги додели градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов./МИА