Македонските ракометари поразени од Словенија

од VIktor_P
136 прегледи

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз од Словенија во првиот од двата меѓусебни натпревари, во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Нашиот тим одигра извонредно прво полувреме, повеќе од 25 минути го диктираше темпото и имаше убедливо водство, но не го издржа темпото и на крај доживеа и преубедлив пораз во однос на она што се случуваше на теренот.

Македонија водеше со 10:4 и 11:5, но гостите успеаја да ја стопат предноста до крајот на првиот дел, кој заврши со минимална предност на нашата репрезентација (16:15).

Второто полувреме донесе многу поинакво издание на Словенците, кои го комплетираа пресвртот и на моменти стигнаа до плус пет гола, најавувајќи ја победата на гостувањето во Скопје.

Словенците на крајот победија со 26:32, со што остануваат на првото место во квалификациската група, а нашата репрезентација има една победа и два порази во пресрет на гостувањето кај истиот противник.

Слични содржини